Платформа Кален
  • Дома
  • За нас
    • Тим
    • Членство
  • Активности
    • Пермакултура
    • unaVision
      • унаВизија Лаб
      • unaVision Lab
    • Креативни работилници
    • Уметност на живеењето
    • Ајде Македонија!
    • Суверенитет на храната
    • Чување и размена на стари семиња
    • Разменотека
    • КАЛЕНОВА
    • Випасана курсеви
  • Галерија
  • Контакт
  • Дома
  • За нас
    • Тим
    • Членство
  • Активности
    • Пермакултура
    • unaVision
      • унаВизија Лаб
      • unaVision Lab
    • Креативни работилници
    • Уметност на живеењето
    • Ајде Македонија!
    • Суверенитет на храната
    • Чување и размена на стари семиња
    • Разменотека
    • КАЛЕНОВА
    • Випасана курсеви
  • Галерија
  • Контакт
Кален - Платформа за личен развој и одржливи начини на живот

Џунгларска битка - танцова претстава и изложба

23/3/2015

0 Comments

 
Picture
Платформата Кален и Колективот Ветерница, во соработка со ОOУ „Ѓорче Петров”, на 27-ми март, во 18 часот, во основното училиште, ќе ја отворат изложбата на дигитално обработени детски цртежи и танцовата претстава „Џунгларска битка”.
Настанот е финално одбележување на работата од креативните работилници за цртање и танцов театар, во кои учество земаа 20-тина ученици од прво до деветто одделение.
Работилниците за интерактивен дизајн беа водени од Елена Дишлиеска која работи како графички дизајнер и едукатор повеќе од 8 години. Во нив се вклучија 15 деца на возраст од 10-14 год. кои во атмосфера на прифаќање и одобрување ја искусија слободата на креативно изразување во форма на цртеж. Низ процесот на креирање децата беа поттикнувани да ја искусуваат и збогатуваат креативноста, дружељубивоста , љубопитството, истражувањето, градењето интегритет и емпатија. Детските цртежи дигитално се доработија од графички дизајнери и истите ќе бидат трајна постановка во новата кино сала на училиштето.
Претставата „Џунгларска битка” е продолжение на соработката на Колективот Ветерница со различни иницијативи и фестивали. Овојпат, соединувањето на танцот и театарот низ игра и забава, практично го покажаа влијанието и значењето на танцовиот театар во основното образование. 
„Ваквиот оригинален пристап во едукацијата има за цел да ја стимулира и негува креативната енергија која е есенцијална за поставување на здрави темели кон интегрирање на телесниот, когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата“, нагласува Билјана Димитрова, едукатор од колективот Ветерница.
Колективот Ветерница работи во групи и ја користи креативната енергија, употребува техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар со цел поттикнување на личниот развој кај децата.
Кален, пак, е платформа за личен развој и одржливи начини на живот што поттикнува живеење во хармонија со себе, другите и природата.
Настанот го одбележува светскиот Ден на театарот .
0 Comments

Кроенка - шиенка 2

27/1/2014

0 Comments

 
Picture
Добредојдовте на втората работилница за креативно кроење и шиење, која ќе се одржи на 2 февруари 2014, од 12 до 16ч.

Дружбата со машините за шиење продолжува - повелете и оваа недела на весело попладневно творење.

Соберете си ги остатоците од ткаенини што ви се маткаат по дома, или стари парчиња облека што сакате да ги видите во друг облик, земете си ја машината или иглите за шиење и придружете нѝ се.

Заради просторот, местата на учесници се ограничени на 10.

Ве молиме задолжително пријавете присуство со смс на 077 857 517, па со повратен смс ќе ви биде испратена адресата каде во Скопје ќе се случува дружбата. Исто така, ако се пријавите а не можете да дојдете, пишете ни веднаш за да се отвори место за некој друг.

Работилницата е бесплатна, но ги каниме присутните ако можат и сакаат да придонесат кон закуската со некое вкусно мало залаче. 

До скора дружба!
Кален

https://www.facebook.com/events/449562071810646/

0 Comments

Кроенка-шиенка

7/1/2014

0 Comments

 
Picture
Добредојдовте на работилницата за креативно шиење и кроење!

Соберете си ги остатоците од ткаенини што ви се маткаат по дома, или стари парчиња облека што сакате да ги видите во друг облик, земете си ја машината за шиење и придружете ни се на работилницата за кроење и шиење оваа недела во Скопје (12 јануари, од 12 до 16ч.)

Фокусот ќе биде на изработка и рециклирање на торбички и ташни, но секако може да си играме и со други форми!

Заради просторот, местата на учесници се ограничени на 10. Пријавете присуство со смс на 077 857 517, со повратен смс ќе ви биде испратена адресата каде ќе се случува дружбата.

До скора дружба!
Кален

https://www.facebook.com/events/211088632409744/

0 Comments

    Автор

    Кален - Платформа за личен развој и одржливи начини на живот

    Архива

    March 2015
    January 2014

    Категории

    All

    RSS Feed

Create a free web site with Weebly
  • Дома
  • За нас
    • Тим
    • Членство
  • Активности
    • Пермакултура
    • unaVision
      • унаВизија Лаб
      • unaVision Lab
    • Креативни работилници
    • Уметност на живеењето
    • Ајде Македонија!
    • Суверенитет на храната
    • Чување и размена на стари семиња
    • Разменотека
    • КАЛЕНОВА
    • Випасана курсеви
  • Галерија
  • Контакт